КАКТУСАРНИЦА-блог |

Рецепти со Алое Вера за убав тен

За лековитоста на Алое Вера (Aloe vera) луѓето знаеле уште пред 3.000 години. Арапскиот збор “алое” значи горчливо, а Арапите верувале дека поради својата отпорност кон сушата алое е симбол на трпeнието. Почетните информации за Алое Вера датираат од времето на Александар Македонски.

Многу стари дела, вклучувајќи ја и Библијата, ги откриваат благодатите на Алое Вера, а се смета дека Клеопатра е една од нејзините најпознати кориснички. Таа го користела гелот за заштитата oд сонцето и за младолик изглед на кожата. Египќаните најверојатно користеле Алое Вера и за балсамирање на телата. Грчкиот лекар Диоскорид открил дека Алое Вера е ефикасна за лекување многу болести и тоа почнувајќи од проблеми со бубрезите и запек сe до тешки изгореници на кожата.

Алое Вера

Сокот се добива од листовите, горчлив е и често се подготвува како пијалак кој се користи како помош при проблеми со варењето на храната. Алое Вера содржи минерали и витамини, ензими, аминокиселини и природни шеќери. Нивната комбинација и рамнотежата на состојките се клучот за лековитоста. Денес алое вера се користи во целиот свет. Истражувањата покажале дека го забрзува процесот на оздравување, особено кај изгорениците. Исто така се користи за нега на кожата и за отстранување на лузните.

Против брчки

За да ја спречите појавата на брчките и збрчканата кожа, користете лосион кој ќе го подготвите на следниот начин: исечкајте 100 грама Алое Вера (два до три големи листови) и прелијте ги со 1 литар оладена превриена вода. Варете го на ниска температура 5 минути, потоа кога ќе се излади прецедете го и чувајте го во фрижидер.

НАРАЧАЈТЕ Алое Вера од интернет продавницата на КАКТУСАРНИЦА секој ден од 0 до 24 часот. Испорака во цела Македонија за 2-3 дена. Плаќање со платежна картичка, уплатница или преку електронско банкарство и во готово – на врата.

Козметички лед

Две-три лажици сок од Алое Вера прелијте сo половина шолја чај од жалфија и ставете го во делот за длабоко замрзнување. Поминете ја кожата со лед наутро. Оваа постапка го чисти и освежува лицето.

Маска за лице

Земете 1 лажица Алое Вера, 1 лажица кисела павлака, половина лажица тинктура од кантарион и половина лажица мед. Добро измешајте. Нанесете ја смесата на кожата и оставете да дејствува 15 минути, потоа измијте ги лицето наизменично со топла и со студена вода. Маската ја подмладува кожата и ги измазнува брчките.

Маска од модар патлиџан

Земете 1 лажица сок од Алое Вера, 50 грама модар патлиџан, 1 лажица мед и 2 лажици тинктура од кантарион. Измијте го патлиџанот, излупете го и изрендајте го, додајте ја тинкурата, Алое Вера-та и медот растопен на пареа. Нанесете jа смесата на лицето и оставете ја 10 до 20 минути. Отстранете ја маската со вата. А потоа измијте го лицето со топла вода. Не бришете го, туку оставете само да се исуши и потоа нанесете крем за сува кожа. Маската може да се користи два до трипати неделно.

Со ливчиња од роза

Земете лажица сок од Алое Вера, 1 лажица ливчиња од рози, 2 лажици свежи цветови од камилица, 2 лажици кантарион, 1 лажица цветови од лимета и половина лажица нане. Исечкајте ги и измешајте ги сите состојки и нанесете ги на лицето заедно со масен крем. По 15 минути измијте ја маската со топла вода.

Маска за масна кожа

На изматена белка додајте 2 лажици сок од Алое Вера и 1 чаено лажиче сок од лимон. Нанесете ја маската со четка. Кога ќе се исуши првиот слој, нанесете втор и оставете да се исуши. Кога и последниот слој ќе биде сув, измијте го лицето со ладна вода.

Маска за сува кожа

Измешајте еднакви делови сок од Алое Вера, мед од липа, глицерин и вода. Мешајте полека додека додавате 1 чаено лажиче брашно и потоа не се добие компактна маса. Нанесете ја смесата на лицето и оставете ја 20 до 25 минути. Се препорачува да се користи еднаш до двапати неделно во текот на два месеца.

Извор: Дневник

Историја на кактусите

Одамна пред стапнување на првите Европјани на тлото на Новиот свет, кактусите одиграле значајна улога во животот на домордското население. Индијанските племиња ги користеле плодовите на катусите за различни намени, ги јаделе меките делови на стеблото, ги обработувале дрвенастите делови и во разни цели ги употребувале влакната од кактусите.

Меѓутоа, кактусите имале и друго значење. При религиозните обреди, важен реквизит бил мексиканскиот кактус Echinocactus ingens. Тој служел како олтар, каде на долгите боцки на кактусот била положувана човечка жртва. Некои помали видови на кактуси истотака имале големо религиозно значење и биле употребувани како амајлии, затоа што индијанците верувале во нивната натприродна моќ. Lophophora williamsii, Mammillaria lasiacantha, Ariocarpus fissuratus и други, имале улога на талисмани кои ги носеле луѓето за да ги штитат од громови, болести и други несреќи. Mammillaria lasiacantha се верувало дека го штити имотот од кражби. Според верувањето, крадецот на работи кои биле под заштита на овој кактус, ќе го стигне казна во форма на лудило. Lophophora williamsii поради своето наркотично дејство бил неизбежен на сите свечености. Модерните хемиски анализи покажале дека тој кактус навистина содржи многу алкалоиди со силно дејство. Според ова, разбирливо е зошто и европските морепловци се заинтересирале за катусите. По враќањето во Европа тие ги носеле со себе како подароци. Некаде се започнало и со нивно одгледување, кое било успешно само со кактусите од родот Opuntia. Овие кактуси брзо се одомаќиниле, најпрво во Шпанија, а потоа се рашириле и по целото Средоземје. Покрај родот Opuntia, биле донесени и кактуси од родот Melocactus, но нивното одгледување не било така успешно.

Историја на кактусите

Вистинското одгледување на катусите започнало во триесетите години од деветнаесетиот век, кога спорите едрлици биле заменети со брзи парабродови. Тогаш се појавуваат и првите собирачи на кактуси, ботаничари-специјалисти со славни колекции, стручна литература, како и соодветни комерцијални организации. Главниот центар на интересирањето за кактусите во тоа време била Франција. Ширењето на првата “кактусарска“ епоха настанала во времето на “бидермаерот“.

По привременото опаѓање на интерсот, кој се случил кон крајот на деветнаесетиот век, се случува нов полет. Овојпат центар била Германија. Следниот период на големо и се посилно интересирање за кактусите е периодот пред Првата светска војна. Пионер на тогашната “кактусарска грозница“ бил чешкиот патник и собирач на кактуси Alberto Vojtěch Frič.

НАРАЧАЈТЕ кактуси и сукуленти од интернет продавницата на КАКТУСАРНИЦА секој ден од 0 до 24 часот. Испорака во цела Македонија за 2-3 дена. Плаќање со платежна картичка, уплатница или преку електронско банкарство и во готово – на врата.

Собирањето и одгледувањето на кактуси пред повеќе од еден век можеле да си го дозволат само богатите луѓе. Во 1840 година за увоз на кактус од видот Ariocarpus kotschoubeyanus се плаќало по 200 долари. Тоа било повеќе од тежината на кактусот изразено во злато. Некои видови на кактуси биле поевтини, но сепак биле достапни само за мал бој на луѓе. Дури кога се пристапило кон одгледување на катуси од семе, цените почнале да се намалуваат. Порано збирките на кактуси содржеле претежно “увозни“ кактуси, додека денес во најголем дел тоа се кактуси размножени со семе. Тоа е и причината зошто тие денес се толку ефтини.

Интересирањето за одгледување на кактуси во светот е во постојан пораст. Тоа не е само поради нивната убавина, туку и поради можноста да се одгледуваат голем број на растенија на мала површина. Причина плус е и тоа што за нивното одгледување може да се искористат прозорците и терасите, каде истотака добро растат.

Денес собирањето на кактуси е развиено во невидени размери, не само во Европа, туку и во Јапонија, Северна Америка и во многу други краеви на светот. Насекаде постојат илјадници организирани љубители на кактуси. Неорганизирани ги има уште повеќе.

Извор: Gajenje kaktusa – Fleischer/Schütz

Излечете ги цистите и миомите со Чувар на куќа

Освен што што се одгледува како декоративно растение, за Чуварот на куќа (Semperivivum tectorum) луѓето веруваат дека ја штити куќата од удар на гром, пожар, болести, вештерки и вампири. Но, овој сукулент има и лековити својства и се користи во традиционалната медицина како природен лек за повеќе болести.

Латинскиот назив Sempervivum во превод значи „засекогаш жив“ што укажува на тоа дека Чуварот на куќа е неуништлив без оглед на условите во кои расте. Грците и Римјаните го саделе покрај други растенија за да ги заштити од гасеници, разни инсекти и штетници.

Чувар на куќа

Еве како да го направите лекот за цисти и миоми:

Состојки:

  • 500 грама мед и
  • 300 гр. листови од Чувар на куќа

НАРАЧАЈТЕ кактуси и сукуленти од интернет продавницата на КАКТУСАРНИЦА секој ден од 0 до 24 часот. Испорака во цела Македонија за 2-3 дена. Плаќање со платежна картичка, уплатница или преку електронско банкарство и во готово – на врата.

Подготовка:

Сомелете ги листовите и помешајте ги со медот. Оставете ги така да отстојат неколку дена.

Употреба:

Оваа смеса се консумира на празен стомак и после тоа не се јаде 2 часа.

Преку зимата поради намалената физичка активност доаѓа до зголемена содржина на штетни материи во организмот. Смесата од Чувар на куќа и мед го забрзува метаболизмот и го чисти телото од токсини. По препорака на руските лекари оваа смеса се користи и при срцеви маани. Докажано е дека успешно лекува миом на матка и цисти на јајници.

Извор: denar.mk

Telefoane samsung