Април

Време е (доколку имате услови) кактусите и други сукуленти да ги пренесете на местата (прозор, тераса, двор…) каде што ги чувате во топлиот период од годината (пролет-лето-есен). Притоа, исто како и во месец март, и сега внимавајте, бидејќи може да дојде до нивно оштетување, односно да се здобијат со изгореници од сонцето. За кактусите и сукулентите нема кремови, лосиони или нешто слично за заштита од сонце, па затоа, кога за прв пат во годината ќе ги изнесете на отворено, еден период оставете ги во блага сенка, со што ќе им овозможите постепено да се привикнат на сонцето. Ова особено важи за растенијата кои веќе почнале да растат или тие кои зимата ја поминале во потполн мрак. И во случај доколку некое растение сепак се здобие со изгореници од сонцето, пренесете го на сенка и оштететниот дел за кратко време ќе се залечи.

Ако е облачно или врнежливо, не ги полевајте. Полевајте ги умерено и тоа само кога деновиве се сончеви. Кактусите и сукулентите кои се чуваат во затворени простории (стакленици, пластеници), каде воздухот е влажен и е потопло, полесно и побрзо ги развиваат корењата, а со тоа и побрзо да ја впиваат водата.

Растенијата кои почнале да растат може да ги калемите, но тоа треба да го правите само кога е топло и суво. После калемењето, растенијата ставете ги во блага сенка, на топло и суво место, за да може да им се залечат раните и да имаат добри услови за раст. Во втората половина на Април, ако времето е сончево доколу имате семе, може да го засеете.

НАРАЧАЈТЕ кактуси и сукуленти од интернет продавницата на КАКТУСАРНИЦА секој ден од 0 до 24 часот. Испорака во цела Македонија за 2-3 дена. Плаќање со платежна картичка, уплатница или преку електронско банкарство и во готово – на врата.