Август

Активностите поврзани со одгледувањето на кактусите и другите сукуленти во овој месец и не се разликуваат многу од оние кон крајот на јули.

Половината на август е последниот рок за калемење. Сепак, доколку калемењето ви е предизвик, направете го тоа порано.

Ова е и период кога почнува да се содаваат поволни услови за т.н. есенска сеидба.

Кај оние кактуси и сукуленти кои расцветале оваа година, цветовите полека им ги снемува, но затоа има се повеќе плодови. Семето од нив може да го соберете и исчистите. Штотуку собраното семе најдобро ‘рти.

Кактусите сега имаат најубави и најдолги боцки, се појавуваат густи билни влакна, растенијата созреваат и се подготвуваат за зимскиот одмор. Тој процес треба да го потпомогнете со проветрување или чување на растенијата (доколку имате можност) на отворено.

НАРАЧАЈТЕ кактуси и сукуленти од интернет продавницата на КАКТУСАРНИЦА секој ден од 0 до 24 часот. Испорака во цела Македонија за 2-3 дена. Плаќање со платежна картичка, уплатница или преку електронско банкарство и во готово – на врата.