Февруари

Февруари е месец кога кактусите и другите сукуленти се сеуште се во зимскиот сон. Порано кога се препорачувало да се полеваат, овој месец бил познат како “месец на смртта“. Но, доколку ги почитувате современите препораки (да ги оставите да ја поминат зимата во сув супстрат), сега таа опасност веќе ја нема. Ако растенијата во овој период ги чувате на собна температура, препорачливо е еднаш месечно да ги освежите со мала количина на вода.

Сите препораки кои се однесуваа на месецот Јануари, важат и за овој месец. Доколку имате можност да ги чувате кактусите и сукулентите во стакленик или пластеник, ова е период кога може да ги пресадите. Најголем дел од кактусите во стаклениците и пластениците во овој период веќе започнуваат да растат и затоа треба почесто да ги оросувате или доколку е потребно и да ги полевате. Во овие простории кај растенијата кои почнале да растат пости опасност да добијат изгореници од сонцето. Во тој случај ако не проветрувате често, треба да почнете со засенување.

Ако како како мене и Вие имате засеано кактуси, нив чувајте ги на собна температура.

НАРАЧАЈТЕ кактуси и сукуленти од интернет продавницата на КАКТУСАРНИЦА секој ден од 0 до 24 часот. Испорака во цела Македонија за 2-3 дена. Плаќање со платежна картичка, уплатница или преку електронско банкарство и во готово – на врата.