Историја на кактусите

Одамна пред стапнување на првите Европјани на тлото на Новиот свет, кактусите одиграле значајна улога во животот на домордското население. Индијанските племиња ги користеле плодовите на катусите за различни намени, ги јаделе меките делови на стеблото, ги обработувале дрвенастите делови и во разни цели ги употребувале влакната од кактусите.

Меѓутоа, кактусите имале и друго значење. При религиозните обреди, важен реквизит бил мексиканскиот кактус Echinocactus ingens. Тој служел како олтар, каде на долгите боцки на кактусот била положувана човечка жртва. Некои помали видови на кактуси истотака имале големо религиозно значење и биле употребувани како амајлии, затоа што индијанците верувале во нивната натприродна моќ. Lophophora williamsii, Mammillaria lasiacantha, Ariocarpus fissuratus и други, имале улога на талисмани кои ги носеле луѓето за да ги штитат од громови, болести и други несреќи. Mammillaria lasiacantha се верувало дека го штити имотот од кражби. Според верувањето, крадецот на работи кои биле под заштита на овој кактус, ќе го стигне казна во форма на лудило. Lophophora williamsii поради своето наркотично дејство бил неизбежен на сите свечености. Модерните хемиски анализи покажале дека тој кактус навистина содржи многу алкалоиди со силно дејство. Според ова, разбирливо е зошто и европските морепловци се заинтересирале за катусите. По враќањето во Европа тие ги носеле со себе како подароци. Некаде се започнало и со нивно одгледување, кое било успешно само со кактусите од родот Opuntia. Овие кактуси брзо се одомаќиниле, најпрво во Шпанија, а потоа се рашириле и по целото Средоземје. Покрај родот Opuntia, биле донесени и кактуси од родот Melocactus, но нивното одгледување не било така успешно.

Историја на кактусите

Вистинското одгледување на катусите започнало во триесетите години од деветнаесетиот век, кога спорите едрлици биле заменети со брзи парабродови. Тогаш се појавуваат и првите собирачи на кактуси, ботаничари-специјалисти со славни колекции, стручна литература, како и соодветни комерцијални организации. Главниот центар на интересирањето за кактусите во тоа време била Франција. Ширењето на првата “кактусарска“ епоха настанала во времето на “бидермаерот“.

По привременото опаѓање на интерсот, кој се случил кон крајот на деветнаесетиот век, се случува нов полет. Овојпат центар била Германија. Следниот период на големо и се посилно интересирање за кактусите е периодот пред Првата светска војна. Пионер на тогашната “кактусарска грозница“ бил чешкиот патник и собирач на кактуси Alberto Vojtěch Frič.

НАРАЧАЈТЕ кактуси и сукуленти од интернет продавницата на КАКТУСАРНИЦА секој ден од 0 до 24 часот. Испорака во цела Македонија за 2-3 дена. Плаќање со платежна картичка, уплатница или преку електронско банкарство и во готово – на врата.

Собирањето и одгледувањето на кактуси пред повеќе од еден век можеле да си го дозволат само богатите луѓе. Во 1840 година за увоз на кактус од видот Ariocarpus kotschoubeyanus се плаќало по 200 долари. Тоа било повеќе од тежината на кактусот изразено во злато. Некои видови на кактуси биле поевтини, но сепак биле достапни само за мал бој на луѓе. Дури кога се пристапило кон одгледување на катуси од семе, цените почнале да се намалуваат. Порано збирките на кактуси содржеле претежно “увозни“ кактуси, додека денес во најголем дел тоа се кактуси размножени со семе. Тоа е и причината зошто тие денес се толку ефтини.

Интересирањето за одгледување на кактуси во светот е во постојан пораст. Тоа не е само поради нивната убавина, туку и поради можноста да се одгледуваат голем број на растенија на мала површина. Причина плус е и тоа што за нивното одгледување може да се искористат прозорците и терасите, каде истотака добро растат.

Денес собирањето на кактуси е развиено во невидени размери, не само во Европа, туку и во Јапонија, Северна Америка и во многу други краеви на светот. Насекаде постојат илјадници организирани љубители на кактуси. Неорганизирани ги има уште повеќе.

Извор: Gajenje kaktusa – Fleischer/Schütz

Leave A Comment