Јануари

Јануари е месец кога кактусите и другите сукуленти треба да бидат во мирување. Ако ги чувате во ладна просторија, треба да внимавате температурата да не падне под критичната точка, која за најголем дел од нив се движи помеѓу 3 и 5°C. Во деновите кога не е екстремно ладно може да направите проветрување на просторот. Препорачливо е еднаш неделно да ги прегледате сите кактуси и сукуленти и доколку приметите трулеж, нападнатото растение веднаш да го изолирате и да му дадете соодветна нега. Кај кактусите и сукулентите кои се чуваат во топли простории постои поголема опасност од напад на разни штетници. Доколу се појават, делувајте веднаш и уништете ги штетниците.

Растенијата кои се прилагодени на потопли услови, како и кактусите и сукулентите кои растат и цветаат во зима, треба да бидат во топла средина, а супстратот да се одржува умерено влажен.

Кактусите и другите сукуленти кои планирате да ги пресадите може да почнете да ги вадите од супстратот (земјата). Притоа, скратете ги премногу долгите корења, а болните делови отстранете ги. После таа постапка растенијата оставете ги два-три дена во топла просторија.

Доколку имате семе, јануари е период кога можете да започнете со сеење.

Сега е време кога можете да направите план за садење, разможување и да го утврдите бројот на потребни саксии и слично. Планот може да опфати и проширување на колекцијата, а вистинско место што треба да го посетите и каде ќе најдете кактуси и сукуленти кои ги нема на друго место е интернет продавницата на КАКТУСАРНИЦА.

НАРАЧАЈТЕ кактуси и сукуленти од интернет продавницата на КАКТУСАРНИЦА секој ден од 0 до 24 часот. Испорака во цела Македонија за 2-3 дена. Плаќање со платежна картичка, уплатница или преку електронско банкарство и во готово – на врата.