Јули

Јули е месец на високи температури, па освен на нас, прилично им е топло и на кактусите и другите сукуленти. Ако ги чувате во затворен простор, проветрувајте го почесто. Бидејќи супстратот брзо се суши,  полевајте ги растенијата обилно и тоа навечер кога растенијата не се премногу загреани.

Ако приметите дека растот на кактусите и сукулентите е успорен, тоа значи дека почнува периодот на летна стагнација. Во тој случај, внимавајте со полевањето, бидејќи во периодот на стагнација коренот не е активен целосно и од премногу влага лесно може да дојде до негово гниење. Во таква ситуација, трулежот понекогаш се шири толку многу брзо, што за кратко време не останува ништо од растението што би можело да се спаси.

Периодот на летна стагнација е време кога можете и да ги пресадите кактусите и другите сукуленти!

Ако сте посеале кактуси или сукуленти, младите растенија се исто така во опасност. Во овој период почнува да делува трулежот на кореновиот врат. Најмногу се загрозени растенијата кои се посадени на хумусов супстрат. Кога ќе го приметите трулежот, веднаш извадете ги сите растенија од садот во кој сте ги засеале и оставете малку корењата да им се засушат. Ако имате услови за тоа можете да ги ставите и неколку дена во ладилник на темепература од 3 до 4°C. Овие растенија е најдобро да се остават незасадени се додека не залади.

Кога ноќите ќе станат поладни, летната стагнација завршува и растењето се продолжува. На сите растенија им годи кога неколку часа на нив ќе паѓа дожд, особено кога дожот е благ и топол. И силните дождови нема да им направат некои посериозни оштетувања, освен што ќе ги испрска со супстрат или дел од него ќе извади надвор од саксијата.

НАРАЧАЈТЕ кактуси и сукуленти од интернет продавницата на КАКТУСАРНИЦА секој ден од 0 до 24 часот. Испорака во цела Македонија за 2-3 дена. Плаќање со платежна картичка, уплатница или преку електронско банкарство и во готово – на врата.