Јуни

Ако имате можност (тераса, двор), а сеуште не сте го направиле тоа, време е да ги наградите Вашите билки со полна сончева светлина и свеж воздух.

Јуни е месецот, кога кај дел од кактусите и другите сукуленти се јавуваат и првите цветови. Постојано се отвораат нови цветови, некои наутро, некои на пладне, а некои попладне.

Сега е најдобро време за сеење на видови кои се навикнати на потопли услови. Во овој период се постигнува висок степен на р’тење.

Ако сте веќе искусни или тоа ви е само предизвик, Јуни е месецот кога може да продолжите со калемење или прекалемување на веќе калемените билки.

НАРАЧАЈТЕ кактуси и сукуленти од интернет продавницата на КАКТУСАРНИЦА секој ден од 0 до 24 часот. Испорака во цела Македонија за 2-3 дена. Плаќање со платежна картичка, уплатница или преку електронско банкарство и во готово – на врата.