Мај

Ова е период кога кактусите и сукулентите се во полна вегетација. Вегетационите врвови им се сјајни, кај секое растение се појавуваат нови боцки, а кај многу од нив и цветови. Доколку некое растение не расте, прегледајте го коренот.

Главна проблем во месец мај се честите заладувања. Во деновите кога ќе залади, полевајте ги растенијата многу внимателно , не дозволувајте да се случи во период на нагло заладување, супстратот да биде многу влажен. Во текот на тие неколку ладни денови и ноќи, доколку супстратот е премногу влажен, ќе изгинат сите млади жили (влакненца) на коренот. Ако се случи тоа кактусот или сукулентот ќе престане да расте се додека повторно не му се обноват корењата, а за тоа е потребно многу време. Секој ден добиен во текот на пролетта, во есен донесува поголем прираст.

Сега може да се пикирате и младите билки израснати од семе. Кога времето е топло може да калемите и млади и стари растенија. Бидејќи поради променливоста на времето можат да се јават болести, секојдневно контролирајте ги ратенијата и доколку воочите знаци на габични болести, веднаш испрскајте ги со фунгицид. Никогаш не практикувајте да ги прскате кога растенијата се загреани од сонцето.

НАРАЧАЈТЕ кактуси и сукуленти од интернет продавницата на КАКТУСАРНИЦА секој ден од 0 до 24 часот. Испорака во цела Македонија за 2-3 дена. Плаќање со платежна картичка, уплатница или преку електронско банкарство и во готово – на врата.