Март

Март е месец кога кактусите и другите сукуленти кои ги чувате дома, треба да почете да ги преместувате на места каде што има повеќе сонце или барем поблиску до прозорците. Изложеноста на поголема светлина продуцира поголема топлина, која пак од друга страна го поттикнува развојот на нивниот корен. Супстратот сеуште одржувајте го сув.

Временските услови во овој месец обично дозволуваат кактусите да се преселат на терасите и во дворовите, но тоа треба внимателно да го направите бидејќи може да дојде до нивно оштетување, односно да се здобијат со изгореници од сонцето. Бидејќи нема заштитни средства од сонцето наменети за кактуси и сукуленти :-), кога за прв пат во годината ќе ги изнесете надвор (особено растенијата кои веќе почнале да растат) еден период оставете ги во блага сенка. И во случај доколку некое растение сепак се здобие со изгореници од сонцето, истото преместете го на сенка и оштететниот дел за кратко време ќе се залечи.

Доколку имате засеано кактуси, прегледувајте ги често и доколку приметите на површината создавање на некои други култури, ведаш истретирате ги со раствор од некој фунгицид. Доколку е во прашање некој посериозен напад, оставете го супстратот да се исуши, а засеаните кактуси или сукуленти внимателно препикирајте ги.

НАРАЧАЈТЕ кактуси и сукуленти од интернет продавницата на КАКТУСАРНИЦА секој ден од 0 до 24 часот. Испорака во цела Македонија за 2-3 дена. Плаќање со платежна картичка, уплатница или преку електронско банкарство и во готово – на врата.