Ноември – Декември

Во овој период од годината кактусите и другите сукуленти се веќе во затворен простор, подготвени за зимски сон.

Доколку ги чувате билките во подрум, пред да ги сместите таму, искречете, за да ги уништите сите габички кои можат да се пренесат на растенијата.

За кактусите и сукулентите кои се сместени во суви и ладни простории, потребна е само минимална нега. Еднаш неделно прегледајте ги и доколку воочите некој трулеж, веднаш отсечете го заразениот дел. Таквото растение треба да го пренесте во топла просторија додека не му се залечи раната.

Ова е период кога може да се направи скратување на корењата. Извадете ги кактусите и сукулентите од сакасиите, исчистете го супстратот, скратете им ги корењата и оставете ги неколку денови да зараснат раните. Следно што треба да направите е да ги наместите така што ќе внимавате жилите на корењата да не бидат свиткани и да ги пренесете на местото каде што ќе останат до пролет. Секоја билка посебно можете да ја завиткате во хартија и така да ги сместите во некоја кутија, куфер или сл.

НАРАЧАЈТЕ кактуси и сукуленти од интернет продавницата на КАКТУСАРНИЦА секој ден од 0 до 24 часот. Испорака во цела Македонија за 2-3 дена. Плаќање со платежна картичка, уплатница или преку електронско банкарство и во готово – на врата.