Октомври

Време е да започнете со пренесување на кактусите и другите сукуленти во затворен простор. Ако во текот на зимата имате можност да ги чувате во осветлени простории на температури од околу 8°C (што е најдобро), пред пренесувањето во нив оставете ги уште неколку денови во топла просторија за да може супстратот добро да им се исуши.

Истото треба да го направите и ако презимувате растенија со оголен корен.

Кактусите и сукулентите израснати од семе, доколку е можно ставете ги на (или во близина на) прозорец и држете ги во спор раст.

НАРАЧАЈТЕ кактуси и сукуленти од интернет продавницата на КАКТУСАРНИЦА секој ден од 0 до 24 часот. Испорака во цела Македонија за 2-3 дена. Плаќање со платежна картичка, уплатница или преку електронско банкарство и во готово – на врата.