За лековитоста на Алое Вера (Aloe vera) луѓето знаеле уште пред 3.000 години. Арапскиот збор “алое” значи горчливо, а Арапите верувале дека поради својата отпорност кон сушата алое е симбол на трпeнието. Почетните информации за Алое Вера датираат од времето на Александар Македонски.

Многу стари дела, вклучувајќи ја и Библијата, ги откриваат благодатите на Алое Вера, а се смета дека Клеопатра е една од нејзините најпознати кориснички. Таа го користела гелот за заштитата oд сонцето и за младолик изглед на кожата. Египќаните најверојатно користеле Алое Вера и за балсамирање на телата. Грчкиот лекар Диоскорид открил дека Алое Вера е ефикасна за лекување многу болести и тоа почнувајќи од проблеми со бубрезите и запек сe до тешки изгореници на кожата.

Алое Вера

Сокот се добива од листовите, горчлив е и често се подготвува како пијалак кој се користи како помош при проблеми со варењето на храната. Алое Вера содржи минерали и витамини, ензими, аминокиселини и природни шеќери. Нивната комбинација и рамнотежата на состојките се клучот за лековитоста. Денес алое вера се користи во целиот свет. Истражувањата покажале дека го забрзува процесот на оздравување, особено кај изгорениците. Исто така се користи за нега на кожата и за отстранување на лузните.

Против брчки

За да ја спречите појавата на брчките и збрчканата кожа, користете лосион кој ќе го подготвите на следниот начин: исечкајте 100 грама Алое Вера (два до три големи листови) и прелијте ги со 1 литар оладена превриена вода. Варете го на ниска температура 5 минути, потоа кога ќе се излади прецедете го и чувајте го во фрижидер.

НАРАЧАЈТЕ Алое Вера од интернет продавницата на КАКТУСАРНИЦА секој ден од 0 до 24 часот. Испорака во цела Македонија за 2-3 дена. Плаќање со платежна картичка, уплатница или преку електронско банкарство и во готово – на врата.

Козметички лед

Две-три лажици сок од Алое Вера прелијте сo половина шолја чај од жалфија и ставете го во делот за длабоко замрзнување. Поминете ја кожата со лед наутро. Оваа постапка го чисти и освежува лицето.

Маска за лице

Земете 1 лажица Алое Вера, 1 лажица кисела павлака, половина лажица тинктура од кантарион и половина лажица мед. Добро измешајте. Нанесете ја смесата на кожата и оставете да дејствува 15 минути, потоа измијте ги лицето наизменично со топла и со студена вода. Маската ја подмладува кожата и ги измазнува брчките.

Маска од модар патлиџан

Земете 1 лажица сок од Алое Вера, 50 грама модар патлиџан, 1 лажица мед и 2 лажици тинктура од кантарион. Измијте го патлиџанот, излупете го и изрендајте го, додајте ја тинкурата, Алое Вера-та и медот растопен на пареа. Нанесете jа смесата на лицето и оставете ја 10 до 20 минути. Отстранете ја маската со вата. А потоа измијте го лицето со топла вода. Не бришете го, туку оставете само да се исуши и потоа нанесете крем за сува кожа. Маската може да се користи два до трипати неделно.

Со ливчиња од роза

Земете лажица сок од Алое Вера, 1 лажица ливчиња од рози, 2 лажици свежи цветови од камилица, 2 лажици кантарион, 1 лажица цветови од лимета и половина лажица нане. Исечкајте ги и измешајте ги сите состојки и нанесете ги на лицето заедно со масен крем. По 15 минути измијте ја маската со топла вода.

Маска за масна кожа

На изматена белка додајте 2 лажици сок од Алое Вера и 1 чаено лажиче сок од лимон. Нанесете ја маската со четка. Кога ќе се исуши првиот слој, нанесете втор и оставете да се исуши. Кога и последниот слој ќе биде сув, измијте го лицето со ладна вода.

Маска за сува кожа

Измешајте еднакви делови сок од Алое Вера, мед од липа, глицерин и вода. Мешајте полека додека додавате 1 чаено лажиче брашно и потоа не се добие компактна маса. Нанесете ја смесата на лицето и оставете ја 20 до 25 минути. Се препорачува да се користи еднаш до двапати неделно во текот на два месеца.

Извор: Дневник

Leave A Comment