Септември

Бидејќи надвор е сеуште топло и сонцето грее, продолжува растењето на кактусите и другите сукуленти. Некои од нив прецветуваат, а некои сега почнуваат да цветаат.

Ако во втората половина на месецов времето залади, проветрувањето треба да го правите во топлите денови (доколку кактусите ги чувате во затворен простор).

Отстранете ги цветовите кои веќе овенале, бидејќи може да почнат да скапуваат, а трулежот лесно може да се прошири и на телото на кактусот или сукулентот.

Во топлите денови може уште еднаш да испрскате со фунгицид и инсектицид.

НАРАЧАЈТЕ кактуси и сукуленти од интернет продавницата на КАКТУСАРНИЦА секој ден од 0 до 24 часот. Испорака во цела Македонија за 2-3 дена. Плаќање со платежна картичка, уплатница или преку електронско банкарство и во готово – на врата.